Радио Милева
турска егзотика

Бали Бег се соблече и го привлече сето внимание, а жените ги фрли во бесознание: Социјалните мрежи горат, ах каков е Бурак! (ФОТО)

Бали Бег се соблече и го привлече сето внимание, а жените ги фрли во бесознание: Социјалните мрежи горат, ах каков е Бурак! (ФОТО)

Бурак Озчивит и неговата сопруга Фахрије Евџен ја отворија празничната сезона во Бодрум. Овој дел од турскиот брег стана нивна омилена дестинација додека се забавуваа, а сега уживаат во убавините на летото во друштво на нивниот син Каран.

Играат на плажа со момчето, шетаат низ градот и возат глисер, а кога момчето ќе се измори и заспие, го оставаат со бебиситерката и на љубовта и даваат нова шанса препуштајќи се на уште една „морска романса“. Турските папараци неколку пати успеаја да ги фатат на дело. Нема подобар доказ дека сè е во ред во бракот на најубавата актерска двојка од Босфорот, а муабетите дека раскинуваат се само гласини.

Убавиот Бурак и волшебната Евџен, престојуваа во луксузниот хотел „Риксос Премиум“, каде што ноќта во семеен апартман чини околу шестотини евра. Комплексот има своја плажа, иако тројцата фаќаа боја на дивите плажи во скриените заливи што им обезбедуваа поголема приватност.

Згодниот  Бали Бег се соблече крај морскиот брег и го привлече сето внимание, а жените ги фрли во бесознание: Социјалните мрежи горат, ах каков е Бурак!

Фото: Инстаграм принтскрин/burakozcivit

Останати вести од Радио Милева