Позната турска актерска двојка Бурак Озџивит и Фахрие Евџан наскоро ќе станат родители по вторпат.
Празничната магија кај нив има посебен сјај затоа што наскоро нивниот дом ќе добие уште еден наследник.
View this post on Instagram
Мама и тато ќе станат родители по вторпат, а малиот Каран ќе биде поголемото братче. Иако во текот на изминатата 2022 година се шпекулираше дека бракот на Фахрие и Бурак е пред самиот крај, тие ги прекинаа шпекулациите со тоа што Фахрие остана бремена.
Празниците ги честитаа со семејна фотосесија од нивниот дом за која добија многу допаѓања од своите обожаватели.
View this post on Instagram
Убавата турска актерка е пред крајот од бременоста, така што наскоро се очекува штркот повторно да слета во нивниот дом.