Синот на Бали Бег пристигна дома.
Турската актерка Фахрије Евџан, која пред неколку дена стана мајка по вторпат, го напушти породилиштето. Синот Керем е роден на 18 јануари, а сега тато Бурак Озџивит пристигна да го земе.
По излегувањето од породилиштето, убавата Фахрије на насобраните новинари накратко им се обрати:
View this post on Instagram
– Породувањето помина добро. И јас и бебето сме добро.
Популарниот Бали Бег додаде:
– Реакциите на Каран се одлични. Тој едвај чека да го запознае својот брат. Да бидам искрен, тој не изненади сите. Дали присуствував на породувањето? Секако, ги пречекав и Каран и Керем, што е одлична работа. Јас сум благословен, кажа тој за медиумите.
Да потсетиме, турската актерска двојка Бурак Озџивит и Фахрије Евџан се венчаа во 2016 година. Три години подоцна го добија синот Каран, а сега на семејството му се придружи уште едно момче, Керем.