Мегафон
МОБ

Балетски перформанс “Метаморфоза”

Балетски перформанс “Метаморфоза”

Во Салонот на Македонската опера и балет вечерва (3 јули) во 21 часот, премиерно ќе биде изведен современиот балетски перформанс “Метаморфоза” во кореографија на Ивана Коцевска и на музика на Филип Глас и Иван Пенов.

 

Овој современ балет се занимава со телото како субјект на состојби и сензации,
како збир на афекти.

На сцената ќе настапат танчарите Илијана Данаилов, Христина Наќевска, Ангела Велевска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Медина Јусуфович,

Виолета Карајанова, Мартина Димовска, Исидора Краљевска, Мирослав Митрашиновиќ, Ендру Кук, Бојан Мицев, Ивана Коцевска, (Теодора Ежовска).

Костимографијата е на Милена Атанасова, а на клавир ќе свири Дино Имери.