Во рамки на 42-то издание на манифестацијата „Скопско лето“, Дирекцијата за култура и уметност со гордост ви ја најавува изведбата на балетската претстава „Сви марш на плес“ која ќе се одржи на 26-ти јули (понеделник) во салонот на Македонската опера и балет, со почеток во 20.30 часот.
Како што велат организаторите, во претставата учествуваат танчери и уметничка екипа од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија. Кореограф е познатиот и веќе докажан Игор Киров, драматург е Горан Головко, музиката е на групата „Бијело дугме“, а светло мајстор е Амир Ахиќ. Балетскиот ансамбл го сочинуваат Бранко Митровиќ, Јакша Филиповац, Лука Живковиќ, Енди Шротер, Емир Фејзлиќ, Мојца Мајцен, Теодора Радивојевиќ, Зулејха Кецо и Ана Кузмановиќ.
Балетската претстава „Сви марш на плес“ не води во измислен свет во кој песните на култниот екс-ју бенд „Бијело дугме“ стануваат основа за раскажување приказни за едно време и една генерација. Инспирација за атмосферата во претставата, танчарите добиле од спотовите на бендот – енергични, разиграни, целосно во духот на светските трендови на тогашната рок-сцена.
Балетската претстава ќе се одигра согласно протоколите за одржување на настани со ограничен број на публика. Продажбата на билети е он-лајн на karti.com.mk и пред почетокот на настанот