Ѓорѓе Балашевиќ само два дена по најавата го распродаде првиот концерт во Комбанк Арена закажан за 2-ри декември.
Освен неговата музика, и приватниот живот на славниот музичар, автор и актер со години го привлекува вниманието на јавноста, а неговата љубовна приказна со Оливера Балашевиќ започна пред камери, за потоа да следи необична венчавка.
Ѓорѓе ја запознал тогаш младата Оливера, како репрезентативка во гимнастика. Двајцата биле гости на телезивија кога и се запознале.
Двојаката денес има три деца – Јована, Јелена и Алекса, а оваа година тој прослави 37 години брак, а се венчаа тајно, без помпа, среде работна недела. Беше четврток 7-ми мај 1981 година. Оливера открива каква била церемонијата на венчаката:
-Доцневме на сопствената венчавка… Тогаш Јована беше родена, а јас поради фотографии сакав да бидам во бело, сонот на секоја девојка, а Џоле беше непосреден, имаше фармерки, елек и беџ со Мапет, се сеќава Оливера.
И на венчавката Балашевиќ бил духовит.
-Кога го прашаа дали има нешто да пријави, тој на матичарот му ги подаде клучевите од автомобилот и му кажа дека нешто не е во ред со рикверц, ауспухот не работри добро… И така ние се „легализиравме“, раскажа Оли за српски Блиц.