По излегувањето од болница каде му беа вградени 4 стента, Ѓорѓе Балашевиќ се јави од од неговиот двор во Нови Сад и изјави дека е добро. Разговарал за откажаните концерти, за книгата на неговата сопруга, за децата, внуците…
Познатиот пејач-текстописец решил малку да се пошегува и на сопствена сметка, но во исто време „подбрал“ и некои негови колеги. Меѓу нив и Здравко Чолиќ.
“Бев во болница, имав проблеми … Но, тоа не е новост, не е вест. За мене, вест е кога еднен фраер што важи за најпосакувано момче во регионот, прави концерти во Белград. А тоа најпосакувано момче во регионот, мислам на Чола, има 70 години! Е тоа е вест. А кога еден дедо ќе заврши на Институтот за кардиоваскуларни работи, не е вест.
Јас сум вистински дедо, дупли дедо. Имам две внуки. Пред тоа со години бев „дедо на црно“. Затоа вест би било само ако се се појавам во некое ријалити на пример… Таму каде што природата кренала раце од луѓето“ – изјавил Балашевиќ.
Фото: Драган Кадиќ/Фејсбук принтскрин