Познатите личности полека се простуваат со хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ кој утринава почина по тешко боледување. Од легендарниот пејач се прости и Тони Цетински со емотивна порака на Фејсбук.
„Ништо повеќе нема да биде исто по твоето заминување драг наш Оливер. Сите твои шеги и глупости на кои се смеевме како деца никогаш нема да ги заборавам. Морам да признам дека те сакав како татко, а по душата ми беше како брат. Од тебе најмногу учев бидејќи од тебе и највеќе добив. Ти им даваше на луѓето и пријателит и не се штедеше. Отсекогаш беше доказ дека не е доволно да бидеш само уметник туку и човек, ти благодарам за тоа.
Искресно сочувство на семејството.
Почивај во мир пријателу мој. Искрено те сакам и ќе те сакам.
П.С
Бакни ми го Тоше и запејте една за сите времиња. И на него му беше пример и пат кој требаше да го следи, напиша Цетински на социјалните мрежи.
За потсетување, на Оливер пред една година му беше откриен рак на белите дробови, а по тешко боледување пејачот утринава околу 5ч почина во болница во Сплит