Пејачката Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ покажаа дека ништо не може да им ја расипе романтиката и љубовта која ја негуваат со години.
Слободно време го користат за да уживаат во заедничко друштво, а последната фотографија покажува колку се заљубени.
Имено, Јелена и Иван направија селфи од автомобил како се бакнуваат, а на лицата имаат заштитни маски.
„Брак во доба на корона, 2020“, напиша актерот во описот на фотографијата.
Фановите ги опсипаа со позитивни коментари, а некои наместо брак напишаа дека тоа е љубов во доба на корона.