Пејачката Тамара Милутиновиќ вчера направи интимна церемонија и се омажи за Дарко Јевтиќ. Венчавката се одржа на фарма во близина на Нови Сад, а пејачката блесна во венчаницата.
Меѓу присутните се појави нејзината колешка Андреана Чекиќ, која набрзо на Инстаграм објави фотографии од младенците.
Како што напиша Нова.рс, пејачката е во блажена состојба, а сега го откриле и полот на бебето.
Имено, откако го кажале судбоносното „да“, се појавил авион од кој испуштал розов чад, што значи дека славниот пар ќе добие девојче.
Да потсетиме, парот се сврши во февруари на роденденот на Дарко, а се венчаа вчера, на 30. роденден на Тамара.
Фото: Принтскрин/Инстаграм