Кога екипата на емисијата „Папарако лов“ пред неколку месеци откри дека Момчило Бајагиќ повторно е заљубен и дека тој и неговата нова избраничка почнале да живеат заедно, новата девојка на Момчило Бајагиќ Бајага стана сфера на интерес на јавенста и секако медиумите.
Иако е јасно дека неговата нова избраничка не сака публицитет, и дека пејачот нема да зборува за неговата нова врска, сплет на околности доведе до тоа дека покрај него е „фатена“ новата девојка. Имено, пар кој уживал во романтично возење велосипед на Ада Циганлија, сосема случајно се нашол во кадар на момче кое го сликало знамето на Србија, а поради реакцијата на Бајага ја објавил фотографијата на „Твитер“ .
Бајага мислел дека човекот сака да го фотографира него и неговата избраничка, па инсистирал фотографијата да се избрише. Но, наместо фотографијата да биде избришана, таа се појави на мрежите, а неговата избраничка конечно стана позната во јавноста.
Она што никој не го пропушти е тоа што новата девојка на Момчило Бајагиќ Бајага е сосема спротивна од неговата поранешна сопруга Емилија со која беше во брак со децении.
фото:Инстаграм принтскрин/Твитер