Радио Милева тага по пријателот

Бајага со насолзени очи се прости од Драгољуб Ѓуричиќ: „Неговот срце не издржа“

Бајага со насолзени очи се прости од Драгољуб Ѓуричиќ: „Неговот срце не издржа“

Вчера, 15 март 2021 год. почина познатиот музичар, тапанарот Драгољуб Ѓуричиќ  кој свиреше во некои од најголемите екс Ју бендови и придружните групи на големите пејачки ѕвезди и ги предводеше протестните маршеви кога масите тргнаа во борбата против режимот на Слободан Милошевиќ со ритамот на неговиот инструмент.

Тој ја водеше битката со коронавирусот повеќе од еден месец, но за жал на крајот ја загуби и плати со својот прерано згаснат живот.

„Состојбата на Драгољуб се подобри пред пет дена и тој беше симнат од респиратор за дишење, но за жал, вчера неговото срце престана да чука. Многу ми е жал. Драгољуб беше добар човек, одличен тапанар и наш голем пријател. Вчера разговарав со Жика Јелиќ од ‘ЈУ група’, кој ми рече дека нашиот колега е многу подобар и дека симнат од респиратор. Но, овој напор неговото срце не можеше да го издржи“ – со насолзени очи изјави за медиумите  Момчило Бајагиќ – Бајага, простувајќи се од неговиот добар пријател и колега.

To top