Православните христијани го прославија Бадник, радосен ден кога се собира семејството на трпеза, на која освен посни јадења центално место има бадниковото лепче со паричка. Делењето или кршењето на лепчето како чин е оној најзначајниот момет кога сите се во исчекување да видат дали паричката е кај нив, но и кај кого би била во дуриот случај.
Македонските јавни личности преку социјалните мрежи упатија пораки за Божиќ и Бадник, па открија како изгледа нивната бадникова трпеза и кај кого се паднала паричката.
Кај повеќето од оние што покажаа како изгладаше оваа света вечер кај нив, среќниците за 2024 година беа најмладите членови. Имаа среќа навистина или беа сценирани моменти за да немна лутење, знаат повозрасните, но неважно. Радоста секако беше најголема!
Кај Суана Гавазова паричката беше во парчето кај помалата ќерка, а мама Сузе тоа го покажа на својот Инстаграм, а со тоа и паразничката трпеза.
Најсреќна беше и ќеркичката на ракоментниот голман Борко Ристовски, која прва година од својот живот ја има паричката без да се лути бато Душан кој лани беше оној најсреќниот.
И кај Даниел Кајмакоски иста состојба. Бебето Стефан се уште нема годинка, а веќе ја има бадниковата паричка за среќа.
Кај Антониа Гиговска бебето Киан имаше не една туку две парички, веројатно по една од дома и една од кај баба и дедо. За овој Бадник, Киан имаше дупла среќа.
Претстојната година ќе биде посреќна и за Андријана Јаневска која на своите „стори“ ја објави само паричката со кус коментар дека овој пат е кај неа.
Среќничка беше и Ања Ветерова. Делот од скршеното лепче кое и припадна нејзе ја криеше паричката на која таа и се израдува.
На паричка се израдува и Елена Најдоски која доби знак дека претстојната година треба да биде нејзина, за арно, за убаво!
Според обичајот и верувањата, бадниковата паричка треба да се стави до икона и да се чува до следната година.
фото: Instagram/Facebook printscreen