Кралот на бугарскиот попфолк не престанува да провоцира.

По нова песна и видеоклипот со неа, тој предизвика жестоки дискусии во јавноста дека ќе биде ВИП водител во бугарското издание на „Големиот брат“, Азис повторно привлече внимание кон себе, пишува “Бугарија денес” .

Васко (Васил Тројанов Бојанов – како што гласи неговото вистинско име и презиме) објави серија фотографии на кои е сликан со различни „чоколадни девојки“ седнати в скут.

На една од фотографиите тој навалил жестоко да ја бакнува една од црномурестите девојки, која е „плукната“ двојничка на Наоми Кембел.

„Сега на чоколада ли си Васко?“, се пошегувал еден од неговите следбеници во коментарот покрај објавените фотографии на социјалните мрежи.
