Пејачката Ханка Палдум претходната недела доживеала сообраќајна несреќа на пат за Загреб, пишуваат српските медиуми.
Таа поминала без повреди, но нејзиниот автомобил потполно е уништен.
Ханка сега се огласи и откри дека и паднала концентрацијата за време на возењето.
„Не знам што ме натера да свртам во оградата. Не барав музика на радио, ниту пак пребарував по работите на совозачкото седиште, туку гледав каде возам. Ми падна концентрацијата и одеднаш гледам како автомобилот ми удара во левата ограда, па потоа во десната, па двапати се превртев“, изјави таа.
Несреќата ја доживеала на автопатот А3 покрај местото Криж. Таа патувала за Загреб за да договори детали за концертот кој ќе го одржи на почетокот на април во КД „Ватрослав Лесински“.
„Фала му на Господ. Не можам да верувам дека удрив на тој проклет автопат каде настрадаа и мои колеги, Тоше Проески и актерката Долорес Ламбуша. Не знам што е со тој пат, но тоа не е нормално. Го видов знакот Крижа и кога подобро ќе размислам, тоа беше некој знак од небото“, вели пејачката.
Ханка додава дека тоа ја асоцирало на крст на гроб, но дека Бог ја чувал.
„Не возвев брзо и без врзана со појас. Излегов од автомобилот и веднаш застана еден маж и ме праша дали ми треба помош. Ма каква помош, јас имав чувство дека се паркирав, а не дека имав сообраќјна несреќа“.
Потсетуваме, Тоше Проески почина во сообраќјна несреќа во 2007 година на пат за Хрватска, на местото наречено Градишка.