Мегафон

Автобиографијата на принцот Хари објавена на македонски јазик

Автобиографијата на принцот Хари објавена на македонски јазик

Автобиографијата на принцот Хари, „Резерва“ (Spare), излезе на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Мемоарите на војводата од Сасекс беа објавени на почетокот на оваа година и за кратко време станаа еден од најбараните наслови. Според Гинисова книга на рекорди, „Резерва“ е најбрзо продаваната книга од областа на нефикција на сите времиња. Книгата е бестселер на „Њујорк тајмс“ и доби генерално позитивни оценки од критичарите. Досега е преведена на повеќе од 15 јазици, меѓу кои и македонски.

Во книгата, Хари пишува за неговото детство, длабокиот ефект од смртта на мајка му Дијана, проблематичните тинејџерски години, службата во британската армија во Авганистан и за односите со семејството.

Книгата првично беше објавена на англиски јазик, на 10-ти јануари оваа година, во издание на „Пингвин рандом хаус“. Покрај печатената, има и 15-часовна аудиокнига, во која зборува самиот Хари.

 

 

To top