Од 10. до 12. мај, во надворешниот дел на Скопје Сити Мол ќе може да се погледне несекојдневна автомобилска изложба која ќе опфати олдтајмери, но ќе даде призвук и кон електричната иднина. Ова Авто шоу има за цел да послужи како своеивиден времеплов обединувајќи го минатото преку најстарите автентични олдтајмери, сегашноста -преку актуелната комерцијална понуда на автомобили и секако иднината која треба да биде електрична, особено преку ексклузивните модели на Тесла.
Сите љубители на автомобилската индустрија, но и сите кои уживаат во индустрискиот дизајн, како и следбениците на технологијата ќе имаат можност да пропатуваат низ времето преку оваа изложба, а во внатрешноста на Сити Мол ќе можат да погледнат и електрични велосипеди и тротинети.
Скопје е урбан град кој има потреба од едно вакво авто шоу кое за прв пат се организира после долго време и е со цел да ги собере сите вљубеници на автомобилот кој обединува технологија, дизајн и функција.