Коронавирусот се уште „дивее“ по светот, секојдневно забележувајќи илјадници и илјадници заболени, но и голем број на жртви на оваа болест во 2020та година.
Од почетокот на годината, светот е ставен на пауза поради короната, па отогаш живееме со ограничувања навикнувајќи се на новото нормално.
И додека во светот, и во Македонија се бележат рекордни бројки на позитивни на Ковид 19, Австралија може да прогласи победа над короната.
Имено, по 110 дневниот карантин, во Австралија за 24часа се потврдени само 4 нови случаи и се претпоставува дека за 3 недели државата ќе може да се врати во нормала.
Македонската фолкерка Татјана Лазараверк која повеќе од 5 години заедно со семејството живее во Австралија, изминатиот период додека во Македонија владееше вонредна состојба, карантин, полициски час се јавуваше во емисиите во живо и откри каква е состојбата во Мелбурн.
Таа често и снимаше и лајв видеа, држеше концерти од дома со цел да го расположи народот во овој лош период.
Меѓутоа, сега по намалување на бројот на заболени и речиси победата на короната во Австралија, Лазаревска ги полни батериите.
Со оглед на тоа дека во Австралија владеат разлчни температури од Македонија, фолкерката одлучи да ги полни батериите на плажа.
Според објавите на Инстаграм таа сега започнува да ужива во летото.
На една од последните објави, таа е во бикини испружена на плажа, под зраците на сонцето фаќајќи витамин Д, кој е и значаен против Ковид 19.
Нема сомнеж дека пејачката ужива, а се надавеме дека до следното лето ќе заврши короната, па за разлика од оваа година ќе може да уживаме на некоја егзотична дестинација.