Мегафон Четврток (21 јуни),

„Avec l’amour“ – кино на отворено во Градски парк Скопје

„Avec l’amour“ – кино на отворено во Градски парк Скопје

Следниот четврток (21 јуни), по втор пат овој месец, Град Скопје, Кино Милениум и МКЦ  организираат бесплатна проекција на филм на отворено. Со почеток во 22 часот, во Градскиот парк во Скопје, ќе се прикажува генијалниот документарен филм „Avec l’amour” на режисерот Илија Цветковски и продуцентот Атанас Георгиев.

Обезбеден ќе биде превод на англиски јазик. Проекцијата ќе се одржи на ледината кај 8 чешмички (потегот помеѓу споменикот на Гоце Делчев и јужната трибина на Градски стадион), на истото место каде што неодамна беше проекцијата на „Исцелител“.

„Lotus chairs/bean bags имате на располагање од страна на организаторите, но пак ви предлагаме да си понесете камперско столче или ќебенце во случај да се зафатени. Понесете си храна и пијалаци по желба. За отпадоците не мора да ви кажеме затоа што сите бевте доволно фини и ги собравте по проекцијата на Исцелител. Се надеваме дека и по оваа проекција ќе бидете во исто расположение“, порачуваат организаторите.

„Avec l’amour” е филм за професорот по биологија од Неготино, Дионис Пашлаков и за неговата пасија за собирање стари автомобили.

To top