Оваа сезона во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ , секој од кандидатите има свој ментор.
Македонецот Огнен Здравкоски за свој ментор ја одбра Марија Шерифовиќ, а овој четврток ќе се претстави во финалето.
Пред самото финале, Марија заедно со своите кандидати замина на патување во Париз каде ќе се опуштат и подготват за големото финале.
Џејла Рамовиќ, Армин Јусуфовиќ, Ахмед Ораховиќ и Огнен Здравкоси во придружба на Шерифовиќ уживаат во знаменитостите на француската престолнина.
Поп пејачката и нејзините „ученици“ уживаа во „градот на светлината“ од таму се пофалија со неколку фотографии на социјалните мрежи.