„Авалон“ го најави новиот заеднички потфат со хрватските колеги од „Кроација рекордс“, која е една од водечките издавачки куќи во регионот. Станува збор за првата музичка продавница на „Авалон“ во Македонија, со досега невиден квалитет и концепт на работа на овие простори, велат од продукцијата.
Продавницата „Југотон нова плоча“ се наоѓа во срцето на градот, во ГТЦ (веднаш до поранешниот дуќан на „Пола Југотон“) и во моментов работи како продажно место за билети на „Авалон“, а големото отворање е закажано за 17 септември.