Старлета, ријалити ѕвезда, водителка и… обид за пејачка… Што и да е, Ава Карабатиќ, сними нова песна.
Таа на социјалните мрежи објасни дека не смета себе си за пејачка, велејќи:
„Не се сметам себеси за пејачка, а не ги сметам ниту половината од нив, кои себе си така се претставуваат само за да туркаат некаков тренд. Сепак решив да го снимам ова парче музика во професионално студио“ – напиша Ава и додаде:
„Мојата нова песна „Фер плеј“ е тука, по пауза од пет години и по песната „Три пати на ден“, која шокираше многумина. Можеби премиерата на оваа уште повеќе ќе шокира многумина“ – порача старлетата намамувајќи ги своите обожаватели да се вклучат на закажаниот нејзин „лајв стрим стриптиз“ на Инстаграм од дома, во закажаниот термин.
Нормално, социјалната мрежа „прочуре“, Ава речиси го блокираше Инстаграм, а нејзините следбеници со широко ококорени очи и подзината уста будно очекуваа бурна голотоја од старлетата, која ги држеше долго време вклучени на „лајв – стримот“ во живо, додека во позадина одеше промоцијта на нејзината најавена нова песна „Фер плеј“.
Што се случи потоа, покажа ли Ава Карабатиќ „ферплеј“ или не кон своите обожаватели, ќе ви стане јасно откако ќе го погледнете видеото во продолжение до крај:
https://www.youtube.com/watch?v=JYShc62B0O8