Радио Милева лични навики и туѓи желби...

Атрактивната струмичанка навлечена на јога: Кога Љупка Митрова прави мост и мажите и жените имаат една желба… само различна!

Атрактивната струмичанка навлечена на јога: Кога Љупка Митрова прави мост и мажите и жените имаат една желба… само различна!

Моделот, модна блогерка и инфлуенсерка Љупка Митрова не престанува да ја изненадува јавноста со својата приватност. Како никогаш до сега, атрактивната струмичанка продолжува да го споделува она што на личен план и се случува, го практикува, го ползува… До душа емотивните моменти како оние од времето на љубовната сага со „Големиот брат“ од Куманово, овој пат ги крие како „змија нозете“ или пак во недостаток на нова љубов, остатокот животни активности имаат предност!

Летово Љупка споделуваше каде се’ уживаше, на кои и какви егзотични дестинации полнеше батерии…

Кога летото приврши и пристигна есента Љупка Митрова реши да покаже колку е добра домаќинка. Расната струмичанка се фрли на готвење, како нејзина нова страст за подигање на самодовербата за да провери дали и колку ја бива и во кујната или чисто онака само заради забава, сеедно… Есенва Љупка Митрова царуваше на социјалните мрежи како секси домаќинка!

Страста за готвењето се’ уште не поминала, а еве ја струмичката убавица со нова пасија… За здрав живот требаат и здрави навики, па освен здравата храна, физичката активност е исто толку важна. Патем, освен на здравјето, вежбањето влијае и на естетиката, па покрај генетиката, разгибувањето на телото прави физичкиот изглед да биде речиси совршен.

Тоа Љупка добро го знае, па решила да проба нешто, што оддамна е познато, ама сега е одново во мода. Затоа атрактивната струмичанка последните месеци им се препушти на јога вежбите.

Ем парктично, без многу потребно губење време зашто може да се вежба и од дома, ем  симпатично и здраво… И за телото и за духот!

Ако уште и го споделите на своите профили по социјалните мрежи, бројот на љубители на јогата преку ноќ може повеќекратно да се зголеми. Се разбира ако истата ја практикува некоја секси убавица како заводливата струмичанка.

Зашто  кога  Љупка Митрова на пример, прави мост и мажите и жените имаат една желба… Само различна!

Дамите да изгледаат како неа, па се обидуваат да ја имитираат во јога вежбите, а мажите…

Ним, барем не на повеќето, не им е баш до јогата… Ама затоа нема вистинско машко кое не би посакало „да се најде под или барем покрај мостот“!

Фото: Инстаграм/ljupka_mitrova

 

 

 

To top