Сексапилната српска ТВ презентерка на временска прогноза Марија Егеља застана на „лудиот камен“ со избраникот Александар кого долго време го криеше од јавноста.
Егеља носела долга бела венчаница со корсет, а цело време била насмеана и среќна. Гостите на Инстаграм објавија видеа од свадбата, а првиот танц со песната „Од љубови јаче“ ги воодушеви сите.
Егеља и нејзиниот избраник го кажаа судбоносното „да“, а свадбата ја направија далеку од сите во Сушица.
Се шпекулира дека водителката е бремена, но таа не сакаше тоа да го потврди за медиумите.
Марија дури неодамна откри дека ужива во љубовта, и од сите криеше дека ќе се мажи.
Фото:Принсткрин/Инстаграм/miljanajana