Радио Милева запросување како на филм

Атрактивната фитнес инструкторка Ана Стојанова кажа „да“: „Кога сцена од филм ќе стане реалност“ (фото)

Атрактивната фитнес инструкторка Ана Стојанова кажа „да“: „Кога сцена од филм ќе стане реалност“ (фото)

Македонскиот фитнес инструктор, мотиватор и советник за здрава исхрана, познатата и згодна Ана Стојанова е активна на социјалните мрежи каде преку своите програми за здрав начин на живот, ги мотивира, инспирира оние што ја следат и што ги користат нејзините совети да ја доведат својата линија до совршенство.

Таа постојано себе си и на своите следбенички им поставува нови предизвици, кои ако се истрајни, упорни и послушни, ги следат нејзините совети и препораки, брзо ќе ги совладаат.

На својот „Инстаграм“ најчесто споделува фотографии од нејзиното згодно, атрактивно тело истакнувајќи ги атрибутите и често добива комплименти за тоа како изгледа.

Меѓутоа, кога пак станува збор за нејзиниот приватен, емотивен живот, Ана не е многу активна и не открива многу детали.

Сепак, згодната инструкторка сега имаше убав повод за славење. Имено, таа кажа „да“ на својот избраник Кирил која ја запроси Стојанова како во сцена од филм..

Имено, во униформи и со пиштоли на себе, тие снимале видео наменето за армијата на Ана, односно на девојките кои се дел од нејзините програми за слабеење и обликување на телото, а токму на снимањето Кирил ја изненадил со предлогот за брак.

-Кога сцена од филм ќе стане реалност. Се спрема комплетно нов, ОГРОМЕН проект за членовите на Армијата за новата 2022 година. Изминатиот викенд се снимаше цели два дена и цела ноќ ама мене оваа сцена не ми беше планирана!

-Кирил е се што не сум можела ни да замислам, а сум сакала да ми се случи!! Оние кои што ме следат поодамна знаат дека јас никогаш немаше да стигнам до тука ако не беше неговото искуство, знаење и поддршка во работата.

-Од првиот ден кога се појавив на оваа платформа знам дека го имам најголемиот грб на Македонија зад мене да ме чува🤣, а од истиот тој човек ја црпам целата моја енергија, љубов и сила за да ви ја дадам вас.

-Знае дека работата ми е се на светот. Созреав со овој Инстаграм и со вас! Затоа сум уште посреќна што нашиот најинтимен момент го споделивме со најмилите луѓе и пред девојките од Армијата кои ќе бидат дел од новиот видео спот за Армијата

-Жал ми е што сеуште не можам да откријам за што станува збор, но наскоро ќе дознаете сите!-Армијо, станавме официјално и ФАМИЛИЈА!!!
Сакањее најголемо на целиот свет!!!!, напиша таа покрај серијата од фотографии.

Инаку, запросувањето се случило на 21. 11 2021. Под нејзината објава се нижеа честитки со желба нивната љубов да трае.

Честитки!

фото: принтскрин/инстаграм/ана стојанова

To top