Радио Милева лошо искуство

„Атос е дома!“: Сара и Димитар својот миленик конечно го пронајдоа, но дали ја научија и лекцијата или кога на нивниот пес ќе му дојде потреба од кучка, неминовна е ваква случка? (ФОТО) 

„Атос е дома!“: Сара и Димитар својот миленик конечно го пронајдоа, но дали ја научија и лекцијата или кога на нивниот пес ќе му дојде потреба од кучка, неминовна е ваква случка? (ФОТО) 

Македонската харфистка и поп пејачка Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски неодамна доживејаа потполно иста ситуација како и пред три години.

Тие откако го изгубија нивниот важен член од семејството, лабрадорот Атос,  по апелот за помош, тој повторно е дома, а тие возбудени и полни со неверување го пречекаа како што доликува.

„Атос е дома!, Пукам од среќа. Фала најмногу на хероите што го најдоа, земаа и донесоа – напиша таа на кратките  Инстаграм приказни.

По напнатата атмосфера, мистеријата повторно е решена, благодарение на соседите по еднонеделната потрага, исто како и минатиот пат.

„Повратак ј*бача. Дечки, мисиров си дојде дома… односно комшиите ни го донесоа… најголемо благодарам до комшиите што го видоа и го прибраа. И неизмерно благодарам до сите вие драги пријатели што ни помогнавте и се вклучивте во потрагата“ – стоеше во заедничката објава  на пресреќните сопственици.

Коментарите кои ги добија од следбениците, каде што ја објавија најновата убава вест, беа од советувачки карактер, како на пример повторно никогаш да не го пуштаат без надзор но, имаше и такви без влакна на јазикот каде им порачаа сега да му стават ГПС.

Сара тогаш за неубавата случка веднаш ги извести сите следбеници на социјалните мрежи, барајќи помош од сите оние кои  случајно  ќе го видат.

Вознемиреноста од одсуството на миленичено иако беше голема и траеше долго, повторно заврши со среќен крај.

Сепак дали загриженоста само ја ставија во „привремено мирување“ зашто кога Атос ќе му дојде потебата од кучка, неминовна е ваква случка или  сопствениците по двата немили настана конечно извлекоа поука, па ќе превземат навреме мерки за ова да биде последен пат нивнот пес „ненајавено да замине на пат“,  останува времето да покаже.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сара Мејс/ Димитар Атанасовски

 

To top