Тимот на „Медена земја“ ги прави последните подготовски пред заминувањето во САД на доделувањето на Оскарите в недела. Главната хероина Атиџе доби и нова фризура и сега таа изледа навистина холивудски.
„Денес нè израдува со својата посета во нашето студио за да ја блеснеме за на Оскарите. Мораме да признаеме дека таа е најпрво една прекрасна личност со голема душа и харизма и и’ ја посакуваме целата среќа на светот“.
„Беше пресреќна од фарбањето и фенирањето и ни рече дека сега ќе може да им парира на Бред Пит и Леонардо ди Каприо. Убав помин на Оскарите, медена наша, ни беше чест што те запознавме, те чекаме со статуетка и еден куп импресии“ – напишаа од фризерското студио „Ив“ покрај објавените фотографии со Атиџе.
Многумина откако ја видоа на фотографијата со новиот имиџ, прокоментираа дека Атиџе сега има фризура како славната холивудска актерка Ева Лонгорија! Ако добиеме уште и Оскар, дефинитивно и ќе ја засени!
Извор:Република.мк