Радио Милева

Атиџе блесна на Оскарите благодарение на оваа Македонка која пак таму се дружеше со Антонио Бандерас (фото)

Атиџе блесна на Оскарите благодарение на оваа Македонка која пак таму се дружеше со Антонио Бандерас (фото)

Велат дека секое чудо три дена трае ама кога е во прашање она што го оствари тимот на документарецот „Медена земја“ на Оскарите, особено главната хероина Атиџе, се зборуваше, а сигурно ќе се зборува уште долго.

Оскарот не заврши во нивните раце, сигурно ќе бевме сите посреќни да беше така, но и во овој случај ние имаме победници на кои сме горди.

За Атиџе се пишуваше многу, се снимаа доста интервјуа, а со возбуда се очекуваше и нејзиниот изглед на црвениот килим во Долби театарот во Лос Анџелес.

фото:amehairspa/instagram

Како вистинска ѕвезда, Атиџе пред големото случување имаше свој стилист која ја подготви нејзината фризура за појавувањето на црвениот килим, а не случајно за тоа беа избрани две сестри Македонки кои живеат во Америка.

фото:amehairspa/instagram

Станува збор за сестрите Љупка и Мила Арсовски кои во нивниот салон се погрижија за Атиџе. Дружбата со неа сигурно нема да ја заборават тие, а ниту таа, но секако и вечерта на Оскарите и забавите поврзани со големиот филмски настан каде беа собрани многу од светски познатите актери.

фото:amehairspa/instagram

Љупка на профилот на Инсатграм од својот салон, објави неколку фотографии заедно со сестра си и Атиџе, неколку од атмосферата, но и таква со славниот Антонио Бандерас.

По ваквата објава се редеа коментарите, особено оние дека Љупка и Бандерас изгледааат блескаво.

фото:amehairspa/instagram

Инаку, Љупка Арсовска пред да замине во Америка работеше како модна дизајнерка, а се претставуваше и на скопската модна недела, нејзината сестра пак, работи како стилист за коса, а со истата професија продолжи и таму во сопствен салон.

To top