Ѕвездата на акционите филмови, Арнолд Шварценегер, изјавил дека бил подложен на операција на срцето, но се чувствувал „фантастично“.
-Имам нов аортен залисток заедно со мојот нов белодробен залисток од претходната операција. Се чувствувам фантастично и веќе шетам по улиците на Кливленд, објави актерот и поранешен гувернер на Калифорнија на Твитер во петокот.
Шварценегер (73) исто така објави фотографија од болничкиот кревет од клиника во Кливленд и им се заблагодари на вработените во болницата.
Thanks to the team at the Cleveland Clinic, I have a new aortic valve to go along with my new pulmonary valve from my last surgery. I feel fantastic and have already been walking the streets of Cleveland enjoying your amazing statues. Thank you to every doc and nurse on my team! pic.twitter.com/hmIbsEMHtA
— Arnold (@Schwarzenegger) October 23, 2020
Актерот, кој е роден со срцева мана, беше подложен на итна операција на отворено срце во 2018. година кога му беше заменет залистокот.
Шварценегер се прослави во 80-тите години од минатиот век со улогите во акциони филмови како „Терминатор“ и „Конан Варваринот“, но и во некои комедии. Во 2003 година, тој беше избран за гувернер на Калифорнија. По крајот на мандатот во 2011. година, тој се врати на филмовите, појавувајќи се во „Платеници 2“ и во продолжението на „Терминатор“.
Фото: Твитер принтскрин