Американскиот актер Арнолд Шварценегер во соработка со социјалната платформа „TikTok“ донираше 3 милиони долари за децата на кои им е скратен оброкот, откако се затворија училиштата во САД поради коронавирусот.
„Поради кризата од коронавирусот ги пративме децата дома, па наместо училишна програма, сметавме дека би било супер доколку можеме да им пружиме храна на тие семејства. Секако, можете да ги имате најдобрите идеи на светот, но доколку немате пари, немате ништо“.
„TikTok“ дојде и ми рече дека ние сме тие кои ќе донираат милиони долари помош за прехрана на семејствата“ – рече актерот во видео снимка која ја објави на Инстаграм.
Непрофитабилната организација „After-School All-Stars“ се заблагодари на великодушната донација поради која ќе може да испорачува храна и подарок-купони на семејствата на кои тоа им е потребно.
Потегот на актерот и поранешен калифорниски гувернер беше проследен со воодушевување од страна на неговите обожаватели.