Мегафон Летни фестивали

Армин Ван Бјурен на „Охрид колинг 2018“

Армин Ван Бјурен на „Охрид колинг 2018“

Еден од најдобрите и најголеми диџеи на светот на сите времиња, Армин Ван Бјурен (Аrmin Van Buuren) ќе биде втората главна ѕвезда на навистина неверојатно атрактивното, трето по ред издание на фестивалот „Охрид колинг“, соопштија од „Авалон“.

„Како што веќе најавивме, првите хедлајнери на ’Охрид колинг 2018’ се Димитри Вегас и Лајк Мајк кои ќе настапат на 1 август, ноќ спроти Илинден, на стадионот ’Билјанини извори’, додека Армин Ван Бјурен како втор хедлајнер, ќе настапи во сабота, на 4 август, на истото местоЧовекот кој четири години по ред беше прогласуван за најдобар диџеј според списанието ’Диџеј маг’, се има закитено со многу признанија и награди. Неговите албуми се продаваат во огромни тиражи, а дел од неговите траки стануваат огромни радио хитови.

Радио-шоуто ’State Of Trance’, чиј водител е токму тој, е најслушано радио-шоу во областа на електронската музика, кое го следат над 25 милиони слушатели ширум светот, што е уште една потврда за квалитетот на овој Холанѓанец. Настапите на Армин Ван Бјурен секогаш се енергични и полни со одлични нумери, но и со изненадувања. Сигурни сме дека и неговиот настап во Охрид ќе биде забележан како еден од низата феноменални настапи на Ван Бјурен, кој ќе привлече бројни фанови од Европа“, велат од „Авалон“.

To top