Пејачката Аријана Гранде (26) и раперот Мајкл Фостер (32) раскинаа по 9 месеци врска.
Извор близок на парот тврди дека тие биле во врска од јуни 2019.
„На нив им беше интересно, но ова не водеше кон ништо сериозно“ , вели изворот.
„Аријана навистина и се допадна на Мики, но таа не ја „изгуби главата“ по него“ додава пријателот на парот.
„Тие уживаа во нивната хемија и сакаа да видат каде ќе води нивната врска. На крајот не се случи она што замислуваа. Се забавуваа и останаа добри пријатели. Нема никва драма“ објаснува изворот.
Аријана на 8 јануари 2020 година била снимана во еден бар во Калифонрија како се бакнува со непознат маж, а друг извор тврди дека тоа е причината за нивното раскинување.
„Мајкл сфати дека е крај меѓу нив кога ја виде снимката на која Аријана се бакнува со друг маж“ додава друг извор.
„Не се налути бидејќи ја сака Аријана. Тие се пријатели и ќе продолжат да соработуваат бидејќи заедно создаваат музика“ додава изворот.
Шпекулациите за нивната врска започнаа претходната година кога ја објавија песната „Boyfriend“ која завршува така што тие се бакнуваат во уста.