Мегафон Необјавени фотографии, сценарија...

Архивата на Маркез објавена онлајн

Архивата на Маркез објавена онлајн
Пред неколку години архивата на големиот Габриел Гарсија Маркез му била продадена на Универзитетот во Тексас. Многу луѓе го критикуваа ова поради фактот што наследството на еден од најголемите јужноамерикански писатели, горлив критичар на американскиот империјализам, завршило на север, во Америка.

Сега, овој универзитет дигитализира приближно половина од материјалот, така што 27.000 скенирани страници текст сега се достапни за секој со интернет-врска. Интернет-архивата вклучува материјал и белешки што настанале во текот на работењето на сите важни дела на Маркез, вклучувајќи го и романот „Сто години самотија“ што го прослави.

markez
Фото: Harry Ransom Center

Освен тоа, архивата содржи и досега необјавени фотографии, сценарија… Иако архивите во дигитална форма денес се доста чести, објавувањето материјал на автор чија работа сè уште подлежи на авторски права не е баш вообичаено.

Дигиталната архива не вклучува ниту еден од 10. нацрти на последниот и никогаш довршен роман „Ќе се видиме во август“, но сепак содржи 32 страници нацрт од мемоарите на Маркез во кои се раскажува периодот во животот кога тој се преселил од Европа во Мексико Сити, каде што живеел сè до неговата смрт.

извор:факултети.мк
To top