Радио Милева оригинална

Апсолутна кралица за „Ноќта на вештерките“: Хајди Клум повторно се надмина, не би ја препознале ниту родените деца (фото)

Апсолутна кралица за „Ноќта на вештерките“: Хајди Клум повторно се надмина, не би ја препознале ниту родените деца (фото)

Холивуд со денови и недели се подготвува за нив најзабавниот празник во годината – Ноќта на вештерките.

Синоќа, тикви, скелети, се што се подразбира во ноќта меѓу 31 октомври и 1 ноември владееја по улиците и забавите, а до последен момент беше строга тајна со каков костим ќе не изненади Хајди Клум.

Познатата манекенка, апсолутна кралица на Ноќта на вештерките, повторно успеа да се надмине себеси.

Минатиот пат се маскираше во огромен црв, што многумина згрози, но сега реши да направи нешто поспектакуларно. И повторно никој не ја препозна, дури ни децата.

Хајди на забавата која најчесто ја организира како дошла како паун. Но, „рајската птица“ беше придружувана од цел тим асистенти.

Неколку од нив „глумеа“ раскошна опашка, со сите дезени, видовме и канџи, додека таа беше во сина боја од глава до петици. Таа дури и не го заборави својот клун.

фото: alexandra-wyman-getty-images/Noam Galai

To top