Младата пејачка Антониа Гиговска неодамна на социјалните мрежи, заедно со нејзиниот избраник Роберт Спасенцоски попознат по уметничкото име „Џокер“, по бурниот почеток на нивната врска ги израдуваа најблиските откако ја соопштија среќната вест дека ќе станат родители.
Идната мама пред неколку дена на нејзиниот „Инстаграм“ најави дека за фановите подготвува изненадување токму за Први април – Денот на шегата.
„Уф, какви фотографии ви подготвувам за Априлилили“ – напиша таа во објавата.
Иако сите помислија дека конечно планира да го открие полот на бебето, што ја прашаа и во кометарите, таа објави уникатни фотографии на кои гордо позираше со нараснатиот стомак без ниту едно парче облека на него, а се останато беше во стилот на познатиот филм „Самоубиствениот одред“ , со Џокер и Харли Квин.
Свршеникот на пејачката Антониа Гиговска, Роберт Спасенцовски „Џокер“ кој пред извесен период ја објави песната „Такси“, сега токму на 1-ви Април ја искористи истата маска од спотот на неговата нова песна.
„Јас сум Харли Квин на Џокер“ – напиша Антониа покрај објавата која за кратко време доби лавина лајкови и позитивни кометари.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм