Радио Милева последен поздрав

„Аплаузот нека трае“: Познатите се простија од Катина Иванова (фото)

„Аплаузот нека трае“: Познатите се простија од Катина Иванова (фото)

Веста за заминувањето на актерката Катина Иванова (1951–2023) ја соопштија од Македонскиот народен театар каде таа беше дел повеќе од четири децении.

„Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет. Катина Иванова беше насмеана и префинета личност, постојан следач на претставите, поддржувач на актерите, извонреден пријател и човек“ изјавија од Театарот.

Иванова на сцената на МНТ дебитира уште како студентка во претставите „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ и „Славата и смртта на Хоакин Муриета“ (двете во 1976).

По дипломирањето, од 1979 г., член е на ансамблот на МНТ, каде остварува бројни доминантни улоги во над 45 претстави.

А со голема страст настапува и на сцената на други театри низ Македонија, како и во проекти на независни театарски трупи.

Таа глумеше и во десетина филмови и ТВ серии, а за своите актерски остварувања, добитник е на Награда за најдобро театарско остварување на Фестивалот „Tеатарски празници“ (Благоевград, Бугарија) за улогата на Мег во претставата „Роденден“ и наградата на ревијата „Екран“ за улогата на Ревзија во филмот „Џипси меџик“ (1997).

Познатите преку социјалните мрежи се простија од актерката Катина Иванова која почина на 82 години.

Меѓу нив беше актерката Весна Петрушевска Бејби која рече дека Катина ја знае од дете и дека била единствена во многу нешта:

„Катина ја знам од дете како од втората фотографија и секогаш бевме взаемно искрени ме познаваше од студентските денови и ми беше поддршка. Игравме заедно неколкупати и многу се смеевме. Милував да ја викам Катина, не Кате. Беше духовита, храбра и убава жена. Таа широка насмевка, тој поглед под веѓите кои секогаш имаа некоја порака. Ние глумците секогаш завршуваме тажно и некако заборавено што се оставаме на сцена. Катина беше единствена во многу нешта. Точна и прецизна си замина тивко, но достоинствено ми се скрши срцето Катина. Слава ти и аплаузот нека трае“, за неа напиша Весна Петрушевска.

Калиопи Букле на својот Инстаграм се прости од Катина со нејзината фотографија и зборовите:

„Катина Иванова… Големите си заминуваат… Збогум мила…“

Познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов со Инстаграм статус се прости од својата драга колешка:

„Мила Кате. Не можам да поверувам…“

Македонската  актерка со хрватска адреса, Јелена Јованова објави само фотографија од Иванова и црно срце симбол на тага.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top