Македонскиот пејач кој преку своите настапи ја негува македонската песна и култура во Чикаго, Антонио Тасевски времето поминато во карантин го искористи за да сними преработка на големиот хит „Тајно Моја“ од 2000 година на нашата најголема музичка легенда – Тоше Проески.
Проектот е објавен на неговиот Јутјуб канал, а снимен е во музичкото студио „МСН Чикаго“. Покрај Антонио како вокал, учество во проектот имаат и Мурис Хубјер (пиано), Ведран Томичиќ (гитари) и Алекс Петковски (кавал).
„Тајно Моја“ е деветта по ред песна на студискиот албум „Синот Божји“ на Тоше Проески кој беше објавен во 2000 година од продукцијата „Авалон“ за Македонија и „БК Саунд“ за регионот.