Младата македонска пејачка Антонија Гиговска на јавноста и стана позната по учеството во „Пинковите ѕвездички“ и улогата и настапите во македонсакиот мјузикл за Тоше Проески насловен „Тајно моја“.
По прикажувањето на мјузиклот, Антонија ја продолжи својата кариера… По некој фестивалски обид, а младата тинејџерка последно нешто што и го понуди на публиката беше нејзината песна и видеото за неа насловени „Слаба страна“!
Ама, Антонија изгледа има и друга „слаба страна“ – да го погледне светот од високо. И како и секоја пејачка и таа би сакала еднаш конечно да биде на врвот. Затоа Антонија реши сама да си ја исполни желбата, па се качи на… покрив! И таму се фотографираше, па сликата ја постираше… на Инстаграм!
Дали младата пејачка навистина беше љубопитна да почуствува како изгледа да си осамен на врвот или само сакаше да биде поблиску до ѕвездите – само таа знае!?
А можеби само тргна да провери какво ќе биде времето за пикник… за 1-ви Мај? Како и да е, сега конечно дознавме дека нејзината „слаба страна“ е да биде на високо… Макар и да треба да седи на покрив!