Радио Милева идната мама блеска

Антониа ужива да биде разголена трудница, овој пат во природа: Расте стомакот, ама расте и трудничкиот сјај (фото)

Антониа ужива да биде разголена трудница, овој пат во природа: Расте стомакот, ама расте и трудничкиот сјај (фото)

Велат дека жените имаат посебен сјај во очите за време на бременост.

Како одминуваат неделите и месеците, а стомакот расте, секоја трудница е убава на свој начин, а постарите токму од сјајот на лицето знаат да кажат дали жената носи момче или девојче.

Антониа се уште не го открила полот на бебето кое го носи во утробата, но она што е евидентно е дека како наголемува бременоста, таа се повќе блеска и има посебен труднички сјај.

На почетокот од блажената состојба таа се жалеше на разни типични труднички симптоми, но сега веројатно тие се минато, а идната мама ужива во секој следен труднички ден.

Она што мама особено го сака е да се дотерува и да го покажува голиот стомак. Ако неодамна беше разголена за во ресторан, сега голото нараснато стомаче го прошета во природа.

Кадар од лево, десно, насмеана, па со напрчени усни,  Антониа едноставно плени со својот шарм и трунчичка убавина. Бидејќи им вети на следбенците и бројните фанови на Инстаграм, веруваме дека наскоро ќе открие какво е бебето.

 

Пејачката веќе е во третиот триместар од бременоста, а породувањето е планирано да се изведе во една приватна скопска болница.

фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

To top