Радио Милева некому слатка, некому секси...

Антониа машките „ги фрли во агонија“: Гиговска соблечена во бикини сакаше да се пофали со новите нокти, ама… кој ти ја гледа во прсти, покрај ваков телесен раскош (ФОТО)

Антониа машките „ги фрли во агонија“: Гиговска соблечена во бикини сакаше да се пофали со новите нокти, ама… кој ти ја гледа во прсти, покрај ваков телесен раскош (ФОТО)

Младата македонска поп ѕвезда Антониа Гиговска не престанува да изненадува… Ни музички, ни физички. И вокално и телесно од Бога надарена, од мајка природа извајана, откако ставата ја доведе во посакуваните пропорции, постојано ја користи за да го сподели својот вроден сексапил, стас со кој го надополнува својот моќен глас.

Иако млада, Антониа бргу сфатила дека социјалните мрежи се  добра алатка која обилно ја користи за да го сподели она што го поседува како адут за поголема популарност. А, таа во последно време не и недостига… И заради песните и видеата и заради фотографиите на социјалните мрежи од различни локации, во разни ситуации. Особено кога Антониа ќе покаже доволно „гола кожа“, па ќе ја заскокотка јавноста до ниво на „фатална привлечност“ за едни и „очајна љубомора“ за дуги.

Така е и овој пат, со најновата објава на младата русокоса убавица која одново ги запали социјалните мрежи, лепејќи ги љубопитните погледи за своите најнови фотографии споделени на нејзиниот Инстаграм.

На нив Антониа, вистинските мажи ги фрли „во агонија“, а тие ја посипаа со комплименти, допадливи коментари, пофалби, горливи емотикони…   Некому слатка, некому секси, а некому му набила комплекси…

Кој(а) како ја доживува разголената секси става во црвени бикини на младата пејачка, која всушност имала сосема поинаква намера… Или барем „невето правејќи се наивна“, само така тврди: Да се пофали со своите нови нокти!?

Арно ама,  кој ти гледа прсти покрај ваков граден кош и телесен раскош?!

Како тргнала, лесно може да се случи наскоро и „Балканот да гори“ – како што напишал еден нејзин обожавател. Засега „горат“ само тој и останатите од армијата нејзини фанови и следбеници во Македонија… И тоа од возбуда!

Фото: Инстаграм принтскрин/antoniagigovskaa

To top