Младата и талентирана пејачка, Антониа Гиговска го искористи периодот додека одмара од музичките настапи, концерти да си посвети време на себе и својот физички изглед.
Имено, 20годишната пејачка неодамна се пофали дека благодарание на правилна исхрана и физичка активност успеала да ослабе 19 килограми.
Нејзината нова и витка линија, може да се забележи и на нејзините нови фотографии на кои изгледа позгодно од било кога.
Гиговска е активна на „Инстаграм“ каде што понекогаш знае да објави фотографија од теретана и како вежба.
View this post on Instagram
Така беше и овојпат кога македонската пејачка пред огледало позираше во спортска оперема и клекната поза и го покажа крајниот резултат од вежбањето и слабеањето.
Од приложеното може да се забележи дека младата пејачка ја довела својата линија до совршенство, а таа изгледа среќно и задоволно.
Како ви се допаѓа новата Антониа?