Радио Милева

Антониа Гиговска влезе во финалето на „Пинк ѕвездички“, ама и се случи незгода – се струполи на сцената и продолжи да пее (видео)

Антониа Гиговска влезе во финалето на „Пинк ѕвездички“, ама и се случи незгода – се струполи на сцената и продолжи да пее (видео)

Младата и талентирана пејачка од Скопје, Антониа Гиговска е единствената Македонка која се натпреварува меѓу најдобрите од „Пинк ѕвездички“ во изданието „All stars“.

Вчеравечер се одржа првата полувинална вечер каде Антониа настапи последна, а пред публиката и жирито се претстави со уште една балада, овој пат француската „Је t’aime“. Вокалната изведба уште еднаш ги воодушеви членовите на жирито кои на крај само и потврдија дека како овој настап, така и сите претходни, Антониа едноставно е непогрешлива.

Она што нималку не фрли сенка на нејзиното претставување, иако беше незгода, е тоа што за време на изведбата Антониа несакајќи се сруши на сцената врз едно од девојчињата кое танцуваше.

Сепак, достоинствено и како вистински професионалец, стана и се исправи со насмевка, продолжувајќи да ја пее баладата.

Жирито и публиката само ја поддржаа, а Гоца Тржан и кажа дека е воодушевена колку достоинствено го изведе тоа без нималку да се почувствува промена во нејзиното пеење.

Следната недела ќе се одржи втората полуфинална вечер, а навиначите на Антониа ќе може да ја гледаат на крајот, односно во големото финале каде сите ќе стискаме палци за победа на Македонија и Антониа Гоговска.

https://www.youtube.com/watch?v=qRELtiFoIi8

фото:принтскрин/алфатв

To top