Радио Милева

Aнтониа Гиговска со „Proud“ и „I’ll Never Love Again“ го покори жирито во суперфиналето на „Пинкови ѕвездички – all stars“

Aнтониа Гиговска со „Proud“ и „I’ll Never Love Again“ го покори жирито во суперфиналето на „Пинкови ѕвездички – all stars“

Антониа Гиговска во суперфиналето на „Пинкови ѕвездички – all stars“ се претстави со песната „Proud“ со која Тамара Тодевска ја претставуваше Македонија на „Евровизија“.

Во суперфиналето, Антониа со својот моќен глас успеа да го воодушеви жирито, но во исто време ја разнежи публиката.

фото: Пинк.рс

Петочленото жири кои претходните месеци ги оценуваше кандидати, во суперфиналето ја немаше таа привилегија, но со задоволство го прокоментираа настапот на Гиговска.

https://www.youtube.com/watch?v=IYOPOrxYW4E

„Твоето пеење секогаш е соврешено, така беше и вечерва, ти си прекрасна девојка. Избра одлична песна за вечерва, со оваа песна Тамара се натпреваруваше на Евровизија и ми е жал што не победи. Беше фантастично да те гледам  и слушам, а ти вечерва ја отпеја песната на свој начин. Ти си секогаш своја и тоа ми е фантастично, ти неси кавер пејач и тоа е еден од најголемите квалитети кои еден пејач може да го има, ти си секогаш си автентична“ изјави Гоца Тржан.

фото: Пинк.рс

„Секоја ти чест, на свој начин да донесеш песна од изведувач како што е  Тамара е за пофалба. Ние цела сезона ти велиме дека ти си пејачка која победи овде.Нема сомнеж дека многу бргу ќе тргнеш по музичкиот пат, јас ти посакувам многу успех, да излезеш некаде од нашите граници и да одиш во светот“ изјави Леонтина Вукамоновиќ.

фото: Пинк.рс

„Ти си одличан пејач. Пееш на свој начин, изградена си, далеку од сите, не знам кои зборови да ги употребам за да не се повторувам, во секој случај број еден“ изјави Киа Коцкар.

фото: пинк.рс

Во другиот дел на суперфиналето, се пласираше и Антониа која се претстави со песната „ I’ll never love again” од Лејди Гага.

Антониа направи вистински спекатакл на големата сцена, а жирито стана да и аплаудира.

фото: Пинк.рс

„Јас многу плачев на оваа сцена, така да не ми е добро. Мора да ја означиме Лејди Гага да го види ова, таа е голем уметник и сигурно ќе препознае, ти отпеја…Таа мора да го види ова, јас немам слушнато некој вака да пее нејзина песна. Голема почит и наклон на тебе Антониа, заслужи. Како и да се заврши вечерва“, изјави Гоца.

https://www.youtube.com/watch?v=dDMqunrv7JQ

Антониа не победи и испадна во вториот круг на супер финалето.

Победник на ова шоу е Сергеј Пајиќ

To top