Радио Милева пејачката „се одјави“...

Антониа Гиговска се поздрави со публиката: „Којзнае колку ќе ми недостигате“ (фото)

Антониа Гиговска се поздрави со публиката: „Којзнае колку ќе ми недостигате“  (фото)

По изненадувањето што македонската поп пејачка  Антониа Гиговска и го приреди на македонската публика со објавата дека е бремена, бурата полека се стиши, иако потоа следуваа нови „афтер“ шок моменти за тоа како младата мајка сето тоа го поднесува.

Таа верно досега ги известуваше и ги информираше нејзините фанови како се чувствува и што се случува со неа  додека го живее најубавиот период од животот на една жена.

Пејачката веќе е кон средината на бременоста но, како што објавуваше на социјалните мрежи тешко ги поднесува промените и симптомите кои и го реметат нејзиниот  дневен распоред како на приватен така и на музички план.

Таа периодов ревносно објавуваше дека не може да поднесе одредена храна особено наутро, дека и недостигаат спа – центрите кои не се препорачливи за трудници, но кога почна среде бел ден да потонува во светот на соништа дојдоа на ред промените и во музичката агенда.

Антониа не ги редуцираше настапите туку одеднаш ги стави на „стенд бај“ за некоја подобра прилика за некои послободни времиња.

Па така на Инстаграм профилот на Антониа Гиговска се појави објавата во која пејачката напиша дека  оди на заслужен одмор:

„ Драги мои сакам да ве известам дека Антониа оди на заслужен одмор неколку месеци. Дојде моментот кога сакам малку да се опуштам и да се посветам на себе си и она што доаѓа. Тоа значи дека нема да настапувам еден период ама затоа пак ќе се „затворам“ во студио и ќе работам на моите нови песни. Едвај чекам повторно да се дружиме на настапите, а дотогаш слушајте ја мојата музика и уживајте. Којзнае колку ќе ми недостигате. Наскоро ќе ја видите новата Антониа. Јас мислам дека ќе ви се допадне.  Ве чекам и ве сакам!“ –  стои во изјавата на поп пејачката која потврди дека се одјавува од настапите но и дека ќе остане во контакт со музиката и ќе работи на нови песни па, трудничкиот период планира да го искористи креативно и исполнет со музика.

Антониа нагласи дека многу ќе и недостига публиката, а за таа да не им недостига на нив да уживаат и да ја слушаат нејзината досегашна музика, нејзиниот глас. Но, секако наскоро ќе се појави новата Антониа, реализирана во улогата на мајка за која таа мисли дека ќе им се допадне.

Со оглед на тоа како ја поднесува блажената состојба очекуван беше моментот дека пејачката со новонастанатата ситуација ќе  извести за стагнацијата на настапите само прашање беше кога ќе го повлече тој потег, па сега ни останува само да  ја чекаме новата Антониа… Додека оваа старата, е „во лер“!

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска

 

To top