Радио Милева „еротска пепелашка“

Антониа Гиговска разголена како никогаш досега: Пејачката во секси долна облека ја сподели сета своја телесна убавина пред камера (ФОТО)

Антониа Гиговска разголена како никогаш досега: Пејачката во секси долна облека ја сподели сета своја телесна убавина пред камера (ФОТО)

Антониа Гиговска по паузата заради мајчинството, процени дека периодот пред Нова Година е одлична прилика да се се врати на сцената… И тоа со нова песна и нов спот. Некои што ја слушнале веќе и прдвидоа дека се работи за „хитиште“, ама за да биде впечатокот целосен мора да биде и аудиовизуелен.

Затоа Антониа тргна да снима видеоспот кој според по првите кадри, ќе биде повеќе од „hot“!

Имено Антониа уште пред неколку дена дискретно  најави дека кадрите ќе бидат прилично скокотливи, кога кај стилистот Даниел Николовски со селфи во огледалото покажа дека откако враќањето на сцената почна „се посилно да ја чешка“, тазе породената мама за миг може да се претвори во „еротска пепелашка“!

Но, тоа беше само една мала коцкичка во мозаикот, од кој со нова тура секси фотографии пејачката полека ја комплетира целосната слика. На нив Антониа разголена како никогаш досега, во секси долна облека ја споделила сета своја телесна убавина пред камера! Според едни налик на светските ѕвезди од типот на Мадона, Малји Сајрус или Лејди Гага, според други како српските старлети, Мими Оро, Станија, Сораја… во бели чорапи, корсет од тантела, жартиери и речиси провидни корпи во кои лежат бујните гради,  Антониа  нуди еротика на која тешко може да и се одолее. Особено кога видеото ќе биде готово, тешко дека некој ќе може издржи по неколку пати да не го погледне.

Уметничкиот момент набиен со еротски потенцијал уште на фотографиите нуди атмосфера која ве тера детално да го разгледате сиот телесен раскош на пејачката спакуван во детали што Антониа  ја прават речиси неодолива.

Влажните машки погледи  совршено се вклопуваат со влажните кадри во кадата, во која пејачката пеењето го надополнува со „неподносливата“ умешност на заведувањето…

Свеќите и романтиката се оставени на индивидуална прошетка по вашата имагинацијата, за моментите кога од телото на пејачката ќе падне свилената наметка…

Као и да е, евидентно е дека во ниту едно нејзино видео досега  Антониа Гиговска никогаш не била поразголена. Овој пат распеаната „еротска пепелашка“ имала евидентна намера со провокативните пози пред камера да ги освои своите обожаватели, а и да стекне нови следбеници.

Кадрите ветуваат дека штом видеото се појави, нема да недостасуваат „влажни погледи“, зашто многумина ќе ја гледаат со „паднати вилици“ и очи ширум отворени. Уште ако навистина и песната и се погоди на разголената убавица… Отиде Антониа отаде граница!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Фото: Инстаграм/antoniagigovskaa

To top