Поп пејачката Антониа Гиговска е од оние млади дами кои не се плашат да прават промени во изгледот, туку храбро им пристапува на модните трендови и умешно ги применува од својот стил.
Антониа очигледно е свесна дека јавниот естраден живот и сценат бараат постојано да нудиш нешто ново, а таа перманентно се стреми да се покаже во поинакво модно светло, а во никој случај да не го запостави ниту она што го нуди на музички план.
View this post on Instagram
Познавачите на модата добро знаат дека периодов е доста актиелна впечатливата боја на коса во розова, виолетова, тиркизна нијанса, а Антониа по вторпат одлучи да ја обои својата долга коса во бебешко розова.
На прв поглед мора да признаете дека наликува на светски познатата Лејди Гага, барем со ваквата коса.
View this post on Instagram
Како ви се допаѓа Антониа по последниот стилски крик?