По паузата заради мајчинството, Антониа Гиговска кон крајот на минатата година се врати на сцената и застана пред публика. Својот камбек најпрвин го најави со неколку песни кои една по друга ги промовираше, за подоцна да почне да ја реализира набиетаната агенда со настапи, која непрекинато трае.
Враќањето на сцената покрај она што како нов музички производ имаш да и го понудиш на публиката, мора да биде зачинето и со нешто што ќе ја залепи љубопитноста за пејачката. Антониа тоа добро го „сфатила и процесуирала“, па она што отсекогаш одело во пакет со успехот на естрадата, го сервира заедно со „најдоброто од себе“ во понудата.
Се разбира, телесниот раскош и стилизираната еротика протната под плаштот на дискретната голотија се најдобрата формула она што го нудиш од себе, покрај начулените уши, твојата публика, особено онаа машката, да го „пие и со ширум ококорени очи“. А, Гиговска очигледно ништо не ја кочи да биде естрадна дама без комплекс, која со секоја своја нова појава предизвикува „еротски земјотрес“.
Стајлингот никогаше не и е случаен, туку секогаш препуштен на професионалци кои добро ја познаваат. Од шминка и фризура преку гардероба и обувки, до она со што најмногу се креваат „крева пуфки“ – еротскиот набој кој во себе го носи тазе мажената и во приватноста и во видеата и на сцената.
Самоуверена како темпирана бомба, Тониа во секоја нова прилика како едвај да чека да експлодира.
Благодетот за уши и нема потреба дополнително да се коментира, бидејќи таа е веќе е проверено докажана како одличен вокал, но затоа секоја нејзина нова појава е „празник за очи“ од која видот се кочи и љубопитно застанува на она што најмногу возбудува.
Впрочем, Антониа Гиговска по градник исполнува музички желби од дома, по градник пее и на настапи, а по долна облека снима спотови…
Но, кога градникот ќе падне…
Е тогаш возбудата предизвикува сладок стрес и вртоглавица од глетката на разголената русокоса убавица!
Но, не е прв пат, а веројатно ниту последна прилика Антониа вака „слободно“ да се слика.
Иако со рацете прекриени преку градите, ако сте нејзини поборници дефинитивно ќе ве полазат „еротски морници“ и тоа по цело тело, зашто пејачката е една од ретките кај нас што вака смело јавно го покажува своето разголено тело.
„Капа долу“ за храброста, а и за новодобиениот прекар… Секоја чест за „естрадната мисис топлес“!
Фото: Инстаграм/danielnikolovskiofficial1/antoniagigovskaa