Радио Милева
проблем и решение

Антониа Гиговска пати од несоница, Спасе – Рола тргна да и го реши проблемот, па и презентерот на временската прогноза на „Сител“ заврши буден! (ВИДЕО)

Антониа Гиговска пати од несоница, Спасе – Рола тргна да и го реши проблемот, па и презентерот на временската прогноза на „Сител“ заврши буден!  (ВИДЕО)

Антониа Гиговска последниве недели е во фокусот на вниманието на јавноста и тоа не заради песните и музиката, туку заради сето она што и се случува на приватен план. А кога температурата се крева околу тебе и тебе ти станува жешко, па пејачката за да не „прокува“, реши лефтерно да се облече како да сме среде јули или август, а не на прагот на ноември.

„Инаку секогаш го грешам времето, така што лето ми е денес… Барем така се чувствувам“ – споделила Гиговска додека се возела во својот автомобил, слушајќи една позната песна од српската турбо естрада во чии стихови и нашата пејачка веројатно се пронашла себе си и моменталната состојаба заради која тема број еден и во чаршијата и во естрадните кругови и во медиумите: „Што уште треба да се случи“?

И се случи… Времето е рака на срце, прилично сончево и топло за доцна есен, ама на Антониа веројатно и било повеќе од „жешко“ и заради сите споменати нешта. Несоница, инсомнија, што ли да е, ама пејачката никако да заспие, па јавно се пожали: „Не иде сон, еј…“!

Арно ама како речиси за се’ има лек така и за „оваа нејзина болка“  лекот го имаше оној кој нема проблем со времето, зашто тој е тој што го предвидува или поточно прогнозира и презентира. Спасе – Рола Јовановски, презентерот на временската прогноза на „Сител“, познат уште и како близок пријател на Лила Филиповска, а отсега галиба и на Антониа Гиговска.

Токму тој беше човекот што тргна на пејачката да и го реши проблемот, па „временскиот понуди временско решение“ како да ја фати сон: Со пуштање на музика со звуците на дождот! Не Сара Мејс со „Врне, врне“, туку со саунд од вистински капки дожд наместо приспивна песна, обидувајќи се да и „открие нови хоризонти на пејачката“!

Арно ама, како секој лек на секого не делува и секоја магија секого не фаќа, така и оваа на Спасе -Рола, наместо да ја заспијат уште повеќе ја расонија Антониа! Дали после крахот на љубовта и долгата врска, „грижата на совест“ и толкава што сон не ја фаќа, или едноставно зарадаи природата на работата се навлече на тоа да биде „ноќна птица“, знае само таа самата.

Ама затоа „откривачот на нови хоризонти“ не знаеше дека наместо да и го реши проблемот на пејачката и тој ќе стане дел од него.

Па наместо во пижами и презентерот на временската на “Сител“ влета во панталони и јакна и појде на ноќно возење да и прави друштво на Антониа во ноќната обиколка на градот … Правдајќи се со зборовите: „Ме собра од спиење, џумбус да париме“!

Така ти е тоа обично кога сакаш да делиш совети за несоница и да се правиш умен, наместо во мирен и спокоен сон и ти ќе завршиш буден… И тоа со Антониа до сабајле и ти како дел од нејзиното гајле!

Останати вести од Радио Милева