Радио Милева

Антониа Гиговска откри низ што поминала додека водела „битка “ со килограмите: „Иако ослабев бев во “депресија“, се плашев дека нема да можам повторно да пеам“

Антониа Гиговска откри низ што поминала додека водела „битка “ со килограмите: „Иако ослабев бев во “депресија“, се плашев дека нема да можам повторно да пеам“

Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска, благодарение на здрав начин на исхрана и редовно вежбање успеа да се ослободи од вишокот на килограми и да ја доведе својата линија до совршенство.

Гиговска изгледа позгодно од кога и да било, а на својот „Инстаграм“ редовно објавува фотографии на кои ги истакнува нејзините облини и стомачни, oсобено во летниот период кога позираше во бикини.

Меѓутоа, не е сė така совршено како што изгледа. Имено, Антониа во интервју за „Женски магазин“ откри колку пати дошла до искушение и да каже доста е.

– Со сигурност ќе кажам не беше воопшто лесно. Бев дете кое многу ја сакаше храната, затоа и беше многу тешко да се одвикнам од некои работи. Многу се сакав себеси тогаш, искрено никогаш повеќе не сум се сакала. Кога ослабев не бев среќна. Сега кога веќе проаѓа време доаѓам до заклучок дека сите треба да направат еден чекор повеќе за себе, но никогаш да не престанат да се сакаат себеси, такви какви што се.  Обично многу ретко пресекувам, ми треба мноогу време за нешто да престане, но кога се решавам, ставам точка и тоа е крај.

Таа откри и дека била во „депресија“ иако ослабела.

– Бев во “депресија” повеќе од два месеца по губењето на килограмите. Кога пејачот ќе почувствува дека не може да пее како што пеел, тоа е шок. За мене мојот глас е најголемо богатство. Секогаш велам дека оваа професија е благословена. Пееш и забавуваш луѓе, правиш песни за секој да се пронајде барем во некој од стиховите. Бев во страв дали ќе пеам како што пеев. Воздухот е различен, дишењето е различно. За среќа го имам мојот професор Владо Србиновски, работиме секојдневно. Сега сум супер, вели пејачката.

Инаку, Антониа подготвува нова песна со „2Бона“ која во етер ќе излезе за 4 дена.

фото: принтскрин/инстаграм/антониа гиговска/

Поврзани теми

To top