Антониа Гиговска оваа година реди успеси на професионален, но и приватен план. Имено, таа беше придружен вокал на македонската претставничка на „Евровизија“, Тамара Тодевска.
Исто така учествуваше во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички – алл старс“ каде што го воодушеви и жирито и публиката во регионот.
Во една прилика Гоца Тржан откри дека нејзин фаворит и е Антониа.
Антониа не победи во музичкото шоу, но за „хаштаг.мк“ го откри нејзиното мислење дали победата е наместена.
„Па искрено јас не се замарам многу со тие работи, заради тоа што мислам дека кој ѝ да победи, прегледите и она што го знае публиката, како и она што се зборува по завршувањето на ова шоу е многу поважно од победата. Не секогаш победува оној кој публиката сака да победи или кој што навистина заслужува да победи. Сергеј исто така е многу добро дете и мислам дека пред него е целото музичко небо, може да прави што сака. Тој оди во правецот на Јала и Буба, она што е многу препознатливо кај нас. Така што, сметам дека тој ќе успее.“ – не можеше, а да не го пофали својот конкурент Сергеј“ вели Гиговска за хаштаг.
Во интервјуто таа откри дека најголема поддршка освен нејзините родители бил и нејзиното момче.
Гиговска откри дека подготувува и нова песна за својата публика.
Кога пак станува за нејзиниот приватен живот, Гиговска е во врска со Иван Јованов од „Либеро бенд“ кој воедно и е најголема поддршка.
Во едно интервју, таа откри дека се запознале на свадба каде што Гиговска ја пеела првата песна, а тој свирел на таа свадба.
За „хаштаг“, Антониа откри каква била како дете и откри непознати детали од своето детство.
„Многу плачев, многу јадев чајна и кашкавал (кашкавалот ми остана, чајната не). Сум била многу бесно дете, многу сум плачела, не сум сакала да одам ни во градинка, ни во училиште. Се сеќавам дека во прво одделение многу плачев и не сакав да седам, па баба ми ја викаа да седи со мене во клупа. Хаос, хахахаха“ вели Антониа.
Антониа откри дека доколку не би била пејачка би била актерка.
За потсетување, таа неодамна ја издаде песната „Могли сме у двоје“, а како што истакна е презадоволна од успехот на песната.